Ние
Две мисли кои се допираат
И денес се допираме
Со Песна
Наместо со врвовите од нашите прсти…
Боговите да сакаа поинаку
Ти бакнувајќи ме
ќе ме будеше…
Утрото ќе го почнуваше
Со цвеќе и кафе во постела…
Вака,
Со Песна ме облекуваш во Насмевка
Го растеруваш сивилото на моето небо…
Ми ја полниш палетата со бои…
Мечот ми го остриш со стихот…
И така,
Спакувана
И подготвена
Ме праќаш во новиот ден
Во нова војна…
Така опремена
Во Насмевка облечена.
Јас не можам поинаку
Туку мегданот да го завршам
Со победа…
Автор: Снежана Алексиќ – Станојловиќ