(ВИДЕО) 80-ГОДИШНА ЖЕНА ГО ОТКРИ ИЗВОРОТ НА МЛАДОСТА- НЕ ПИЕ ЛЕКОВИ, НЕ БОЛЕДУВА ОД НИШТО, НЕ СТАРЕЕ!

Анет Ларкинс е жена која со нејзините 80 години има лице и тело на девојче, а тајната на нејзиниот младолик изглед и доброто здравје веќе со години ја споделува со јавноста, откривајќи ги своите рецепти за јадење кои сама ги подготвува и напитоци кои секојдневно ги внесува во својот организам.

За оваа дама, годините се само број, и тоа се благодарение на нејзиниот дисциплиниран начин на живот.

Анет е родена во 1942 година во Северна Каролина, меѓутоа најголемиот дел од нејзиниот живот го поминала на Флорида.

Таму го запознала нејзиниот девет години постар сопруг Амос Ларкинс за кого се омажила на 16 години.

Пред нејзиниот 19-ти роденден, Анет родила два сина и тоа со разлика од само 10 месеци.

Во однос на неа, нејзините синови изгледаат како нејзини врсници. Во што е нејзината тајна?

Во светот е позната како „жена која не старее“, а за неа пишуваа и многу странски списанија и тоа со причина. Од оваа 80-годишна жена навистина има што да се научи.

На нејзината трпеза никогаш нема да најдете ништо што не е со потекло од нејзината градина, каде одгледува разно овошје, зеленчук и лековити билки.

Прави одлични салати и вкусни јадења, и секојдневно цеди и пие домашни сокови. Нејзиното животно мото е позната изрека на Хипократ: „Храната нека биде твој лек, а лек нека биде твојата храна“.

Долго време била вегетаријанка, преминала во вегани, што значи дека сировата храна е нејзиното најголемо оружје и сојузник за убавина и силен имунитет.

Напишала своја книга со совети и издала ДВД, кои се многу барани меѓу оние на кои им се допаѓа нејзиниот начин на живот.

Нејзината мајка и баба умреле многу рано од рак на дојка. Историјата на заболувања од дијабетис во семејството е подолга, но таа има совршено здравје. Од лекови не користи ништо, дури ни аспирин.