Не е емотивно врзан за сексуалните партнери
Сè што сакаат е секс и не сакаат никаква емотивна врска со нивните сексуални партнери. Кога ќе заврши сексуалниот чин, тие продолжуваат понатаму.
Многу често мастурбираат
Не е тајна дека сите луѓе мастурбираат, но тоа го прават постојано.
Нивниот живот се врти околу сексот
Овие луѓе постојано размислуваат кога ќе се случи нивната следна акција. Сè што велат и прават е поврзано со сексот. Сексот им станува живот.
Тие се неверни
Тие не се ограничуваат на секс со партнерот, туку прават прељуба со многу луѓе, па дури и плаќаат за секс.
Тие се зависни од порно филмови
Тие се зависни од секс по телефон и постојано гледање порно филмови. Тие не можат да си го замислат животот без него.
Понекогаш имаат извртени идеи за задоволството
Тие можат да обожаваат мазохизам, воајеризам, а во некои екстремни случаи дури и педофилија, како и голем број други сексуални нарушувања.
Тие се опседнати со луѓе со кои никогаш не можат да имаат секс
Сите ги привлекуваат луѓе кои тешко се освојуваат, но лошо е кога тоа ќе се претвори во опсесија. Зависниците од секс одат дотаму што понекогаш шпионираат луѓе што не можат да ги имаат.
Не можат да запрат, колку и да сакаат
Ова е еден од најважните сигнали. Свесни се дека тоа што го прават не е нормално, но едноставно не можат да престанат. Зависноста од секс е исто како и секоја друга зависност, потребна им е помош.