ПОРАКА ЗА СРЕЌА!

Нека вашите мисли цветаат денес! Колку пати во текот на денот вашиот ум се полни со негативни мисли? Дали често размислувате како нешто лошо ќе се случи или работите ќе тргнат наопаку? Имате ли проекција на целиот настан во вашата глава? Време е да се каже СТОП на ваквото размислување . Секој пат кога ќе се појават овие мисли, тие предизвикуваат низа негативни емоции.

Затоа сега е вистинското време да се посветите на чистење на вашата внатрешна состојба . Пролет е, се се буди, вклучително и ти. Пролетните ветрови нека ви бидат потсетник дека е време да го освежите умот. Нека мирисите ве потсетуваат дека е време да се исполните со мир, а прекрасните бои се врска до нашите радосни чувства. Оваа пролет избирам да го сменам она што најмногу ме блокира, а тоа се опсесивните негативни мисли. Нека ова биде вашата мала мисија за среќа.