Брза кучка, слепи кучиња раѓа.
Ако баба лажи, трап не лажи.
Ако жената ти е многу лична, не пуштај ја сама на свадба.Бог да те чува од домашен арамија.
Брат брата не рани, тешко кој го нема.
Брат за брата, сирење за пари.
Брза како некоја стрела.
Варди се да не се поболиш, оти тешко можеш да оздравиш
Работата да се плаши од тебе ,а не ти од неа.
Добриот збор се слуша надалеку, а лошиот се слуша уште подалеку.
Жена, пушка и коњ не се даваат на туѓи раце.
Животот со пари не се купува, оти дар од Бога се дава.
За светот кој плачи, без очи ќе остани.Лозје не бара молитва, туку мотика.
Без мака нема наука.
Вистинското пријателство е најретката птица на земјата
Кога дваица се караат третиот користи
Кој ги памети зборовите станува паметен,а кој ги памети бајките станува мудар
Кој летоска седи во лад зимуске го чека глад
Птиците се познаваат по пеењето а лугето по зборувањето…..
Страв, лозје чува.
Трипати мери еднаш крој
Убавиот збор и железни порти отвара.
Што ќе си посееш , тоа ќе си жнееш.
Денешната работа за утре не ја оставај .
Долга коса краток ум.