ОВЕН
Денес работите во деловниот сегмент полека си доаѓаат на свое место и ќе успеете да средите или прикриете некои напнати ситуации од претходниот период. Последен момент е да поставите некои прашања во вашите емотивни врски, нема повеќе причина за чекање и двоумење.
БИК
Имате шанса на лесен и брз начин да ги решите проблемите во деловниот сегмент, но ќе биде потребно да ја намалите тврдоглавоста и да се согласите на некои услови. Вашата иницијатива сега навистина може да ја поттикне ситуацијата со личноста која ви се допаѓа. Вклучете се веднаш во утринските часови.
БЛИЗНАЦИ
Некој ви нуди услуга која многу би ви помогнала да решите проблем во деловниот сегмент, но не сте сигурни дали да ја прифатите или не. Не размислувајте многу, бидејќи понудата нема да трае вечно. Порасположени сте во врската со саканата личност, ширите позитивна енергија.
РАК
Сфаќате дека е дојдено време на поинаков начин да им пристапите на проблемите и на луѓето во деловното опкружување. Некој очекува да преземете дел од нивните должности, па преболете го тоа. Се издигнавте емотивно, подобар однос со партнерот.
ЛАВ
Дека претерувате во некои ситуации, тоа е повеќе од очигледно, но дека во текот на денешниот ден можете да завршите многу повеќе од она што се очекува од вас – и тоа е јасно. Партнерот мисли дека премногу зборувате, а навистина премалку работите за да ја подобрите врската.
ДЕВИЦА
Во првиот дел од денот веројатно нема да знаете „каде удирате“ поради обврските кои ве окупираа од сите страни. Само спокојно и полека решавајте еден по еден, вториот дел од денот е подобар, а потоа ќе имате доволно добро расположение и ентузијазам за да ја запознаете саканата личност.
ВАГА
Од некои луѓе очекувате премногу и не е ни чудо што потоа сте разочарани. Ветувањето кое ви е дадено тешко дека ќе се исполни, или делумно ќе се исполни. Преболи го ова, нема потреба да се нервираш. Сè уште не сте се ослободиле од некои сомнежи кога станува збор за саканата…
СКОРПИЈА
Иако сè уште сте прилично вознемирени од настаните од претходниот ден, сепак гледате дека ситуацијата полека се сретнува и се стабилизира. Не се нервирајте, сте под стрес за нешто што не можете да го промените. Напнатоста во комуникацијата со саканата личност сè уште постои.
СТРЕЛЕЦ
Сè уште имате некои сопствени сомнежи и ве оптоваруваат некои потези на вашите соработници, но ќе се обидете да го потиснете тоа и да се свртите кон вашите обврски. Партнерот моментално се обидува да ве убеди во неговата љубов и верност, но вие сепак се сомневате и сте несигурни.
ЈАРЕЦ
Ситуацијата од претходниот ден сепак ќе влијае на вас, но работите почнуваат да се смируваат. Колегите се држат настрана од вас, бидејќи не сакаат да ја доживеат истата ситуација како вчера. Денеска потрудете се да внесете расположение во вашето деловно опкружување, како и во контакт со саканата личност.
ВОДОЛИЈА
Некои приватни проблеми ве забавуваат во извршувањето на секојдневните деловни обврски, но се трудите да не дозволите да влијаат на квалитетот на вашата работа. Малку сте побавни од вообичаено, па најверојатно работите ќе ги завршите во последен момент. Одлично расположение и добар контакт со некој близок.
РИБА
Имате чувство дека сте без сила и енергија, како „издуван балон“ и ќе одолговлекувате со деловните обврски, надевајќи се дека околу вас нема да забележат дека не сте до крај. Некои зборови на саканата личност сè уште ви одекнуваат во ушите и не можете да се помирите со моменталната ситуација.
Автор на хороскоп: Олга Савиќ