КИФЛИ СО МАРМАЛАД

Состојки:
За тесто:
600 – 700 г. брашно
250 мл. масло
250 мл. јогурт
1 лимон -сок и кора
1 кесичка прашок за пециво
За фил:
200 г. мармалад од боровница
200 г. шеќер во прав

Подготовка:
Од горе наведените состојки замесете тесто и поделете го на 4 дела. Секој дел
развлечете го во круг и потоа поделете го на 8 триаголници. На секој триаголник ставете малку мармалад. Обликувајте го тестото во форма на кифлички и редете ги на тепсија.

Печете на 200 степени, околу 20 минути. Печените кифлички тркалајте ги во
шеќер во прав и на крајот уживајте во вкусот и миризбата.



На здравје!