АКО ИМАТЕ СТРЕС ПРЕД СПИЕЊЕ И НЕСОНИЦА, ИСПРОБАЈТЕ ГО ОВОЈ ТРИК!

Aкупресурата е древна кинеска техника, стара повеќе од 5.000 години, што значи дека со притискање на одредени точки на телото можеме да се ослободиме од болката, емоционалните и енергетските блокади . Акупресурните точки се поврзани со нашиот ум, срце, органи и со нивно стимулирање со масажа, допир или загревање, можете да ја вратите внатрешната рамнотежа и да ги ублажите болестите.

Во акупресурата, фокусот е на истите точки како и во акупунктурата, при што се користат игли во акупунктурата, а тука точката се допира или „притиска“ со прстите. Се верува дека акупресурата може да помогне во ублажување на главоболки , болки во грбот, ‘рбетот, вратот, помага при варење, замор, недостаток на енергија и многу други состојби.

Акупресурата исто така често се користи за лекување на несоница. има повеќе точки на телото кои го олеснуваат заспивањето, смируваат и го намалуваат ризикот од непроспиени ноќи, но две се наоѓаат на дланката.

Со притискање на точките на дланката се активираат нервите кои се поврзани со срцето и умот. Првата точка ќе ја најдете така што нежно ќе ја стегнете тупаницата и делот од дланката што го допира малиот прст претставува една точка, додека втората се наоѓа на местото каде што средниот прст се спојува со дланката.

Со масирање на овие точки можете да ја намалите несоницата, да заспиете за неколку минути. Погледнете го видеото подолу за најлесно да ги најдете овие две точки!