Состојки:
1 парче марулка
1 гл. црвен кромид
2 парчиња домати
2 парчиња краставици
85 гр. маслинки
1/2 врзоп свеж магдонос
1/4 врзоп свежо нане
1/2 ротквица
1 парче леб
1/4 лажиче маслиново масло
1 лажиче сенф
2 лажици вински оцет
1 лажиче сол
2 прстофати мелен црн бибер
200 гр. јогурт
2 лажички таан
20 мл. сок од лимон
1/2 врзоп свеж копар
1 лажиче босилек
Начин на подготовка:
Марулата исечете ја на мали парчиња, кромидот, доматите и крставиците – на коцки. Ротквиците исчистете ги и исечете ги на кругови.
Маслинките исечете ги на кругови. Лисјата нане и магдонос исечете ги ситно. Сè досега ставете во голема чинија.
Лепчето исечете го и ставете го во умерена рерна да се пече неколку минути.
За тоа време, подгответе го преливот – маслиново масло, сенф, оцет, сол (1/2 лажиче) и 1 прстофат бибер добро измешајте и прелијте го сецканиот зеленчук. Потоа измешајте сè добро.
Скршете го арапскиот леб (треба да биде крцкав) на мали парчиња одозгора и промешајте повторно.
Во друг сад измешајте го јогуртот, таанот, солта, биберот, копарот и измешајте многу добро.
Кога служите, истурете малку салата на чинијата и ставете неколку лажички мешавина од јогуртот одозгора.
За да завршите, посипете со сушен босилек и послужете ја салатата.
На здравје!