Состојки:
3 јајца
1 чаша кафеав шеќер
100 мл. масло
2 и ½ чаши брашно
1 лажиче сода
1 лажиче цимет
200 гр. џем од сливи
Подготовка:
Изматете ги јајцата со шеќерот со помош на миксер. Пресејте го брашното со сода бикарбоната и циметот. Додадете го маслото во смесата со шеќерот и јајцата. Измешајте со миксер.
Потоа додадете го брашното со содаата и циметот. Добро промешајте за да добиете хомогена смеса. На крај, додадете го џемот во тестото. Промешајте, но овој пат користејќи лажица.
Истурете ја смесата во претходно намастена и побрашнета тава.
Печете во загреана рерна од 200 степени околу 45 минути.
На здравје!