Состојки:
- 350 гр мл. месо
- 1 кромид
- 1 јајце
- 1/2 лажиче лук во прав (или 2 чешниња свежи)
- бибер…сол
- 1лажичка црвен пипер
- 3 лажици презла
- малку маслиново масло
За прелив:
- 150 гр тврдо сирење
- 100 гр сирење
- 2 лажици павлака
- 100 мл јогурт
- 2 варени јајца
- сол, бибер, босилек, оригано
- магдонос
- компири
- шери домати
Подготовка:
Во меленото месо додадете ситно исечен кромид, јајце, лук, црвен пипер, бибер и сол и измешајте сè добро.
Сварете две јајца и кога ќе се оладат наредете ги во сад. Додадете ги ренданото сирење, павлаката, јогуртот, малку сол и црн бибер. Додадете ги босилекот и ориганото и на крај сецканиот магдонос. Изедначете ја смесата.
Подмачкајте тава 35х25 со маслиново масло. Наредете ги компирите (исецкани на кругови)на дното. Со рацете обликувајте од месото кругови и ставате го над компирот. Над секој круг ставете полна лажица прелив од сирење и намачкајте.
Одозгора изрендајте го уште едното парче сирење, и ставете шери домат. Печете на 190 степени 50-60 минути. Послужете со салата , супа…
Уживајте во фантастичното јадење кое кога ќе го пробате ќе ви стане омилен рецепт!
На здравје!