БИТОЛА ТРЕБА ДА СЕ ГОРДЕЕ СО УМЕТНИЦИ КАКО ГОРАН МИЦЕВСКИ!-НОВО ФАНТАСТИЧНО МУЗИЧКО ДЕЛО „THE BEAUTY OF NATURE“

Битолчанецот Горан Мицевски, деновиве ја почести публиката со уште една композиција .од личниот опус на современа музика насловена „Beauty of the Nature“.

„Beauty of the Nature“ претставува инспиративно музичко парче кое поттикнува на креативност, добрина, сочувство и храброст. Моќната убавина и величествениот раскош на природата од секогаш биле извор на инспирација за уметниците. Низ историјата, таа ја обликувала нашата култура и нашите единствени погледи кон светот и имала есенцијална улога во креативното изразување што ние како живи суштества го користиме, за да го разбереме нашето постоење и објасниме светот околу нас. Природата не инспирира да достигнеме нови нивоа во уметноста бидејќи и зборува на нашата душа на единствен јазик и единствен начин. Никој и ништо друго на овој свет нема таква моќ да ни подари и живост и спокој и мир и радост во исто време. Привилегија е преку нотите да се открие јазикот на природата, да се раскажат приказните на столетните дрвја, да се пренесе мудроста на птиците и нежниот приспивен шепот на реките.

Во изминатата година Горан Мицевски Кус ги промовираше самостојните композиции „Прошетка во вселената“ и „Strength of the Stallion“ и композицијата „Немир“ која е дел од музичкиот проект „Гласот од невидливиот свет“.

И оваа композиција како и претходните, е од некомерцијален карактер, слободна за преземање и споделување, подарена на публиката со желба дека ќе побуди инспирација и зрак на надеж во овие предизвикувачки времиња.