Состојки:
Тесто:
1 дл сончогледово масло
3 лажички шеќер
1 коцка квасец за колачи
2,5 дл топло млеко
500 г брашно
1 лажица сол
1 жолчка
Фил:
намаз за кифли по желба
1 жолчка
Неколку капки млеко
Подготовка:
Во топло млеко додајте шеќер, изронете го квасецот за колачи и измешајте. Земете дел од брашното во голема чинија, а оставете го остатокот за да додавате колку што е потребно. Во брашното ставете сончогледово масло BIMAL, подготвениот квасец, сол, жолчка и добро измешајте. Кога тестото за благите кифли ќе биде доволно цврсто, продолжете да месете со раце.
Тестото се дели на три еднакви дела и се прават топки. Секој дел се сука и се дели на осум еднакви делови. На секоја осмина се става од филот на поширокиот дел и се свиткува во кифла.
Секоја направена кифла ставете ја во претходно подмачкан плех за печење. Покријте го плехот со крпа и оставете ги да отстојат еден час. Жолчките матете ги со млеко и премачкајте ја секоја кифла. Печете во загреана рерна на 200°C околу 10-15 минути. По печењето, повторно покријте ги со крпа и оставете ги да се изладат. На крајот посипете со шеќер.