БОМБИЦИ ОД УРМИ

Состојки
100 гр урми
100 гр потпечени несолени кикиритки
50 гр кокос
1 лажица кокосово масло
1 лажица мед
1 портокал(неговата кора и сок)

Подготовка:
Урмите ставете ги во жешка вода да стојат 20 тина минути.
Во блендер ставете ги кикиритките и откако ќе ги измелите додадете ги исцедените урми, кокосот, кокосовото масло, медот, сокот од портокал и рендана кора од портокал. Повторно блендирајте.
Од смесата формирајте бомбици и наросете ги со кокос.

На здравје!