Производи:
275 гр. ориз
1 лажица масло
500 гр. брокула
3 стебленца млад кромид, сецкан
2 јајца
2 лажици соја сос
½ лажичка сол
¼ лажичка црн бибер
Подготовка:
Сварете го оризот. Исцедете го и оставете го настрана. Загрејте го маслото во длабока тава. Запржете ја малку брокулата додека не омекне. Додадете го кромидот. Промешајте и извадете ги брокулата и кромидот од тавата. Во истата тава измешајте ги јајцата и испржете ги . Вратете ја брокулата и кромидот. Додадете го оризот. Зачинете со соја сос, сол и црн бибер. Промешајте и сервирајте.
На здравје!