БРЗ ДОМАШЕН ЧОКОЛАДЕН РОЛАТ: ГО ОБЖАВААТ СИТЕ ГЕНЕРАЦИИ

Состојки:

  • 4 јајца,
  • 4 лажици шеќер,
  • 4 лажици брашно,
  • 2 лажици масло,
  • 150 гр. чоколадо,
  • 200 мл. слатка павлака.

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го брашното и маслото и изедначете добро. Поставете хартија за печење во плех и ставете го тестото. Печете 15 минути, а потоа превртете го топлото тесто во ролна и завиткајте го во крпа.



Истурете ја слатката павлака во тенџере и загревајте додека не зоврие потоа додадете го меленото чоколадо во врелата павлака. Мешајте додека не се стопи, а потоа целосно изладете ја смесата, потоа промешајте малку со миксер. Изладеното тесто премачкајте го со ладната крема и повторно завиткајте.

Ставете го во фрижидер 2 часа пред сервирање.

На здравје!