Состојки:
- 3 лажици чиа семе
- 200 мл млеко или растителен напиток (бадемово, овесно, кокосово)
- 1 лажица мед или јаворов сируп
- Половина лажичка ванила (по желба)
- Сезонско овошје (јагоди, банана, боровинки…)
- Малку ореви или бадеми за декорација
Подготовка:
- Во чаша или тегличка измешај го чиа семето со млекото.
- Додај мед и ванила, па добро промешај.
- Остави ја смесата во фрижидер најмалку 2-3 часа (најдобро преку ноќ) за чиа семето да набубри и да се згусне.
- Пред сервирање, нареди свежо овошје одозгора и нароси со ситно сечкани ореви или бадеми.
Совети:
- Наместо млеко, можеш да користиш јогурт за покремаста текстура.
- Ако сакаш повеќе вкус, додади какао во прав и направи чоколаден чиа пудинг.
- Овој десерт е богат со омега-3, протеини и растителни влакна – одличен за појадок