ЧОКОЛАДНА ЕКСПЛОЗИЈА, ГОТОВА ЗА 15 МИНУТИ!

Состојки:

  • 120 гр темно чоколадо – 120 гр шеќер – 120 гр путер – 220 гр бисквити

За подмачкување:

  • половина лажица путер

За глазурата:

  • 220 гр темно чоколадо

Да декорирате:

  • 20 гр чоколадо – малку мелени бисквити или ореви

Подготовка:

Тавата за печење намачкајте ја со путер и покријте ја со мрсна хартија. Скршете го бисквитот на парчиња (со големина на бадем).

Изматете ги путерот и шеќерот додека не се запенат, додадете го стопеното чоколадо и мешајќи го додадете го јајцето.

Додадете ги искршените бисквити, добро измешајте со жица, па истурете во намрсена тава и оставете да се излади најмалку 3 часа.

Прелијте ја со стопената чоколадна глазура и оставете на собна температура.

Украсете со рендано чоколадо и мелени ореви (по желба може да се користат бадеми).