ЧОКОЛАДНИ БОМБИЦИ СО БАДЕМИ

СОСТОЈКИ:

– 200 гр. бисквити
– 150 мл. слатка павлака за готвење
– 200 гр. чоколадо
– 200 мл. млеко
– 100 гр. путер
– бадеми

ПОДГОТОВКА:

Измелете ги бисквитите во блендер.

Растопете го чоколадото заедно со путерот на пареа. Тргнете го од оган, додадете ја слатката павлака и млекото.

Измешајте ги сите состојки и додадете ги мелените бисквити.

Промешајте ги добро состојките, оставете го во фрижидер два часа.

Извадете ја смесата и обликувајте бомбици.

На крај поросете со мелени бадеми.

На здравје!