Потребни состојки:
- 200 гр чоколадо
- 100 гр шеќер
- 150 гр путер
- 4 јајца
- 150 гр пченично мазно брашно тип 550
- 1 лажица прашок за пециво
- 1 ванилин шеќер
- 30 гр бадеми
Подготовка:
Изматете ги јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер додека не станат пенести. На оваа смеса додадете путер кој оставен на собна температура, 150 гр омекнато чоколадо и брашно измешано со прашок за пециво.
Кога сите состојки ќе се соединат добро, додадете ги сецканите бадеми.
Смесата во која ќе го ставите грубо исеченото чоколадо , печете ја во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути, во веќе подготвен калап што сте го подмачкале со путер.
Колачот исечете го на коцки и по желба послужете го со слатка павлака или сладолед.
Пријатен апетит!