ЧОКОЛАДНИ КОЦКИ КОИ СЕ ТОПАТ ВО УСТА

Прв слој

1/2 чаша несолен путер

1/4 чаша шеќер

5 лажици какао

1 јајце

1 3/4 чаша бисквит трошки од интегрално брашно

1/2 чаша ситно сечкани бадеми

1 чаша кокос

Растопете ги првите три состојки во сад потопен во врела вода. Додадете го јајцето и промешајте да се свари и згусне. Тргнете ги од огнот. Измешајте ги бисквит-трошките, кокосот и бадемите. Цврсто притиснете го „бисквитот“ во незамастен калап со дијаметар од 20 х 20 цм.

Втор слој



1/2 чаша несолен путер

2 лажички крем-павлака

2 лажици пудинг од ванила во прав

2 чаши шеќер во прав

Добро измешајте го путерот, кремот, пудингот во прав и шеќерот во прав. Добро изматете ја смесата, па размачкајте ја врз првиот слој.

Трет слој

4 квадрати полуслатко чоколадо

2 лажици несолен путер

Растопете ги чоколадото и путерот на тивок оган. Оставете да се излади. Кога е студено, но сепак течно, прелијте го вториот слој на коцките, и потоа ставете ги во фрижидер.

Наздравје!