ЧОКОЛАДНИ ПАЛАЧИНКИ

Состојки:
2 јајца
150 г брашно
300 мл млеко
30 г путер
40 г темно чоколадо (со 70% какао маса)
1 лажица какао
2 лажици шеќер
1/4 лажиче сол

Подготовка: Чоколадото исечкајте го на парчиња и заедно со путерот ставете ги да се растопат на пареа. Во сад ставете ги јајцата, шеќерот и солта, па со миксер изматете ги. Ставете половина од брашното помешано со какаото, 1/3 од млекото, па остатокот од брашното и на крај полека додавајте го остатокот од млекото, мешајќи за да добиете ретка смеса. На крај, во оваа смеса ставете ја растопената смеса од путер и чоколада. Добиената смеса оставете ја да отстои 1 час во фрижидер. Печете ги палачинките, широки и тенки. Од оваа смеса излегуваат околу 10 палачинки. Филувајте ги со свежо или карамелизирано овошје.

На здравје!