Кефирот е одлична храна која содржи богат извор на пробиотици и позитивно влијае на варењето и цревната флора. Малкумина знаат дека кефирот е одлична храна за слабеење, бидејќи освен што го стимулира варењето, овој напиток го забрзува метаболизмот.
Не е калоричен – кефирот често е водечка состојка во многу диети. Со него можете да јадете овошје, овесна каша, , интегрален тост или едноставно да го пиете за ужина. Постои рецепт за супа од кефир кој е одличен избор за ручек доколку сакате да ослабете!
Оваа супа не се готви, содржи малку калории, масти и јаглехидрати. Ќе ве засити, ќе ви го регулира апетитот и ќе го стимулира варењето.
Компоненти:
- 500 гр кефир без маснотии
- 1 краставица
- 1 праз
- половина шака свеж босилек
- 2 чешниња лук
- половина шака свеж магдонос
- сол, бибер
Подготовка:
Добро изладете го кефирот. Излупете ја краставицата и исечете ја на коцки. Празот и лукот ситно исечкајте ги. Измешајте сè и ставете на чинии, а потоа прелијте со изладен кефир. Босилекот и магдоносот убаво исечкајте ги, па додајте ги во супата.