ЦИТАТ НА СИГМУНД ФРОЈД ОТКРИВА ОД КОИ ЛУЃЕ ТРЕБА ДА СЕ ЗАШТИТИТЕ

„Колку човек е посовршен однадвор, толку повеќе демони има внатре“
Преку овој цитат од Фројд, се посочува дека во животот треба да се заштитиме од следниве луѓе:



  1. Лицемери – Тоа се луѓе кои најчесто носат лажна маска и им кажуваат на другите што сакаат да слушнат, но за своја корист. Тие се претежно манипулатори кои манипулираат со зборови и те освојуваат на почетокот со ласкање, совршен пристап и шарм, но со тек на време сфаќаш дека има многу лицемерие.
  2. Слатки додворувачи – Прекрасно е кога некому ќе му кажете убав збор, ќе го пофалите, ќе испратите комплимент, но луѓето кои ласкаат може да кријат завист или да ви кажат убави зборови само за да ги постигнат своите мотиви и цели .
  3. Опседнатост со слика за себе – Луѓе кои напорно се трудат да остават добар впечаток, но немаат длабочина. Луѓето кои се опседнати со идеална слика за себе и постојано го наметнуваат својот квалитет, имаат тенденција да бидат во центарот на вниманието. Најчесто тоа се луѓе кои се склони кон нарцизам .
  4. Луѓе кои се грижат секој да има позитивни коментари за нив – Тие трошат најголем дел од својата енергија на собирање позитивни оценки од околината, дури и по цена да се изгубат себеси и својата автентичност .