Понекогаш нашето тело на чуден начин не предупредува за некоја болест или здравствен проблем.
Затоа мора внимателно да го следиме секој сигнал.
Постои еден начин да откриете дали имате проблем со бубрезите.
Според лекарите, еден од симптомите кои укажуваат дека треба да внимавате на бубрезите е појавата на лош здив.
Специјалистите се на мислење дека секоја болест може рано да се открие, се додека знаеме да ја препознаеме.
Ако забележите некој од овие симптоми, подобро е да одите на лекар и да проверите како функционираат вашите бубрези:
губење на тежина
губење на апетит
чешање на кожата
лош здив (може да мириса на ацетон)
Мора да направите тестови на крвта и да ја проверите концентрацијата на креатинин во крвта – овој маркер е карактеристичен за хронична бубрежна инсуфициенција и некои други патологии на бубрезите.


