ДАЛИ ЗНАЕТЕ КАКО СЕ ПРАВИ БОЗА?

Бозата е пијалок кој е многу вкусен и многу корисен, се додека се подготвува по традиционален рецепт.

Бозата се состои од пченкарно брашно, вода, квасец и шеќер. Ако шеќерот го замените со мед, тогаш би добиле напивка која покрај тоа што ќе биде освежувачка, ќе биде и хранлива.

СОСТОЈКИ:
500 гр пченкарно брашно
5 л млака вода
20 гр пекарски квасец
шеќер по вкус




НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во поголем сад (лонец) одмерете брашно, прелијте го со млака вода и оставете го да отстои неколку часа (најдобро е ова да го направите навечер). Потоа ставете го лонецот на оган и гответе околу два часа. Мешајте повремено. Готвеното брашно потоа тргнете го од оган и оставете го да се излади.
Во меѓувреме подгответе квасец, измешајте го со 2 дл млака вода и ставете го во готвеното брашно. Во бозата додајте шеќер по вкус.
Откако убаво ќе се измеша, истурете во шише или тегла и оставете да отстои малку. Ќе знаете кога е готова по мирисот и малку киселиот вкус. Може да потрае 2-3 дена. За тоа време се одвива ферментација, при што пијалокот се полни со многу корисни бактерии на млечна киселина. Овој процес е отсутен во боза купена во продавница поради употребата на разни засладувачи и конзерванси. Ова е направено за да се подобри издржливоста.