Луѓето нема да те сакаат во потполност никогаш. Секогаш ќе се најде некој кој ќе покаже со прстот кон тебе, зборувајќи за твојата чест а криејќи го својот срам. Ќе говорат за твоето знаење и како се деградирани од истото, а нема да говорам за своето незнаење и нема да го прифатат фактот дека ти не си крив за нивниот бес, фрустрација, гнев, туку се криви тие самите. Ќе им сметаш зошто ќе се облекуваш на начин на кој тие наводно никогаш не би се облекувале, заради нивното наводно патријархално сфаќање, а вистината е дека и тоа како би се носеле исто како вас но ” што ќе речат луѓето” нели? Ќе им сметаш зошто ќе живееш како што сакаш ти, а не како што наведуваат правилата и прописите од комшиите, роднините и тие сами. Ќе им сметаш зошто имаш храброст да изразиш смелост, елоквентност и став за секоја тема. Ќе им сметаш дури и зошто не си мажена/ женет, а вистината е дека нив им смета што поединци си го упропастиле животот влегувајќи во брак на 15 години, пропуштајќи цела младост и образование. А да размислуваат малку поинаку ќе увидат дека родиле прекрасни ангели и дека имаат време за образование ако сакаат. Се е до желбата. Ќе им сметаш зошто не можат да те паднат, дека и да падниш стануваш посилен. Ќе им сметаш зошто постоиш. Зошто не си како нив. Ќе им сметаш зошто не сакаш да знаеш за чаршиски муабети, не си задоен со зло, и зошто го гледаш својот живот. Ќе го решаваат твојот љубовен, социјален статус, а нивната черга пред врата полна од срам и зло нема ни да ја заметат. А ќе има и такви кои ќе те сакаат секогаш и засекогаш. И ти ќе ги сакаш. Зошто се со чиста душа, и полно срце љубов. И не е до образованието, до душата е. Ако ти е трула душата ниедно школо не ти помага. Ако ти е златна душата, сјаеш! Затоа кога ќе видите на иста маса да седат еден без школо, еден со основно, еден со средно, еден со факултет, еден просјак и девојка од кафана да се сетите на муабетов. Не седат зошто им е знаењето големо, туку зошто иста им е душата, златна им е! И зошто секој човек има своја приказна и од секого можеш да научиш нешто. До душата е! Толку.
Автор: Јасмина Петковска- Белиот Лебед