Кога температурите ја надминуваат триесеттата, размислуваме само како да се оладиме. Сладоледот е вистински спас, а сите го сакаат, од мали до големи! Наместо индустриски ледени колачи кои се полни со шеќер, направете си освежителен овошен сладолед, без вештачки шеќери, адитиви и засилувачи на вкус. Потребни ви се само силиконски калапи неколку минути
Состојки:
- 1 чаша сечкани праски
- 1 банана
- 2 лажици грчки јогурт
- Лажичка мед
Подготовка:
Сите состојки изматете ги во блендер. Ако сакате да биде покрема, додадете повеќе јогурт, ако сакате послатко додадете уште малку мед. Истурете ја смесата во калапи, а доколку сакате малку повеќе да се забавувате со декорацијата, во средината на калапот можете да ставите едно црвено овошје (малина или јагода) и повторно да го прелиете со смесата. Оставете во замрзнувач неколку часа, а потоа уживајте во совршеното летно уживање !