Направете си едноставен сируп кој може да ви помогне при болки во грлото.
Состојки :
4 големи лажици мед
1 лажица куркума во прав
1 лажица ситно рендан ѓумбир
1 лажица мелен лук
Половина лажица цимет во прав
Половина лажица лута пиперка во прав
4 големи лажици сок од лимон
сок од 1 портокал
Подготовка:
Медот нежно загрејте го додека не се растопи и додадете ги сите останати состојки во него. Добро измешајте и оставете да отстои еден час. Потоа процедете го сирупот преку цадилка или обична газа и префрлете го во тегла.
Два до три пати на ден.