Драга моја, ти ја немам кожата и не те разбирам.
Не знам колку те боли, колку ти се плаче, како љубиш.
Не знам што си видела, како си видела, како си сфатила.
Не те разбирам, не сум ти во кожата.
Ама ти верувам.
Ти ги немам очите, срцето, проблемите.
Ама кога ќе ми речеш дека ти се плаче, ќе ти речам да се исплачеш.
Ти верувам дека ти се плаче.
Не знам зошто и не те прашувам.
И верувај, ама најмногу верувај, колку и да сме го поминале истото, нема никој никогаш апсолутно да те сфати затоа што не се никој токму во твојата кожа.
Но, може да ти верува.
Да ти подаде рака.
И да каже дека можеш.
Без потпрашања.
Драга моја, плачи кога ти се плаче.
Не те разбирам.
Ама сум тука.
Да ти кажам дека, на крајот, ти си таа што ќе се спаси самата себе.