ДУШО МОЈА, НЕ ВЕРУВАЈ ИМ НА ЛУЃЕТО…

Душо моја, не верувај им на луѓето. Се премислуваат, во тоа е трикот.
Можат да ти кажат дека те сакаат, па да те гледаат како најголемиот душман.
И најчесто тоа нема врска со тебе.
Некој нешто ќе им каже, ќе почнат нов период и ќе бидат во потрага по луѓе соодветни за тој период.
Душо моја, не си ти сезонска, ти си вечна.
Не верувај им на луѓето ни кога многу те сакаат ни кога многу те мразат.
Не, не сум негативна, само сакам да ти ставам ограда околу срцето. Ако, избери да им веруваш, за да не наводнуваш омраза, ама имај резерва дека утре ќе се променат.
Нормално е, се премислуваме.
Само што некои сме си расчистиле со себе, сме пораснале, сме созреале и знаеме што сакаме.
Сакаме со резерва, ама пак сакаме.
И знаеме дека, кога ќе дојдат лошите времиња, ќе се поттргнеме, нема да се оттргнеме.
Нема да си заминеме.
Оти, душо моја, и на љубовта и’ треба одмор.
За да му се вратиме одморени на љубењето.
Затоа не верувај им на лошите мисли.
Никогаш.
Честопати ни на луѓето.
Оти ќе им дојдат поинтересни.
Само ти ќе бидеш подготвена.
Ќе знаеш, дека ти не си повремена.
Ти си вечна.
И сезонски луѓе не ти требаат.



Автор: Марија Лозаноска