Научниците од Кембриџ спроведоа студија, чии резултати покажаа дека најпаметните луѓе се родени во септември. Тие сметаат дека причината за тоа е „од административна природа“.
Учебната година започнува во септември, што значи дека децата родени во овој месец обично се најстари во своето одделение.
Научниците ги анализирале податоците на еден и пол милион студенти на Флорида, на возраст меѓу 6 и 12 години, родени во различни месеци.
Резултатите покажале дека децата родени во септември покажуваат подобар успех и оценки, што вообичаено продолжува и во текот на школувањето, а со тоа овие ученици се запишуваат на најдобрите факултети.
Експертите сметаат и дека имаат најмал ризик да завршат во затвор во текот на животот. Анализата на податоците од установите за притвор за малолетници во Флорида доведе до интересен заклучок дека најстарите деца во училишната генерација имаат помала веројатност да завршат како малолетни деликвенти.


