ЕВА КАКО ДА СЕ НАПРАВИ НАЈДОБРИОТ ДОМАШЕН ЛИКЕР ОД ЦРЕШНИ

Црешите се богати со витамини, особено со витамините А, Ц и Е. Содржат и железо, калиум, цинк, бакар и манган. Кога од нив ќе направите домашен ликер, ќе имате мелем, не само за телото, туку и за душата.

Благодарение на антиоксидантното и антиинфламаторното дејство, тие влијаат на целиот организам, а освен тоа, ова овошје помага и против несоница бидејќи содржи многу важен антиоксиданс, мелатонин, кој ја игра најважната улога кога е во прашање сонот.

Некои истражувања покажаа дека црешите делуваат речиси како природен аспирин или ибупрофен и дека помагаат при состојби како гихт и артритис.

Најдовме рецепт за ликер од вишни, за кој сите што го пробале велат дека е најдобар:

Потребни состојки:

  • 500 грама зрели цреши
  • 1 литар ракија
  • 500 грама шеќер или мед

Подготовка:

Зрелите цреши исчистете ги од стебленцата и добро измијте ги.

Истурете ги во поголема тегла (да речеме 3 кг) и прелијте ги со шеќер или мед, а со ракија.

Затворете ја теглата и ставете ја на сончево место да отстои 40 дена. Протресете ја содржината на теглата од време на време.

По 40 дена, процедете ја ракијата во соодветно стаклено шише, а црешите не ги фрлајте. Можете да ги отсечете и да ги користите за колачи или едноставно да ги премачкате со темно чоколадо и да ги послужите добро изладени. Овој десерт не се служи за деца.