Доколку сеуште не сте одлучиле која техника на фарбање ќе ја користите, ви предлагаме на празничната трпеза да имате блескави велигденски јајца. Во само неколку чекори можете да направите прекрасни велигденски јајца и сето тоа без многу труд.
Ќе ви треба малку вино, шеќер и боја од кесичката, а резултатот е феноменален!
Постапка: Наместо вода користете 500 мл бело вино, наместо сол 100 гр шеќер, ќе ви треба и една кесичк боја.
Во шерпата истурете го виното, додадете го шеќерот, па додајте ги јајцата. Вклучете ја ринглата и посипете ги јајцата со боја. Гответе на тивок оган околу половина час без капак, потоа поклопете, тргнете го од оган и оставете да отстои преку ноќ.
Наутро извадете ги јајцата на салфетка добро да се исушат – додека се сушат ќе станат сјајни и кристални !


