СТАРО ВЕРУВАЊЕ – АКО ОВА ГО НАПРАВИТЕ ВО САБОТА, ГОДИНАТА ЌЕ БИДЕ ПОУСПЕШНА

Велика Сабота е ден на тишина, наречен и Тивка сабота. Верниците го празнуваат по Велики петок , односно ден пред Велигден, како спомен на времето кога Господ Исус Христос бил положен во гробот.

Верниците овој ден го сметаат за ден на тага, но во исто време и ден на исчекување на радост, односно доаѓање на нов живот.

За Велика Сабота уште од античко време се практикуваат различни обичаи. Денот треба да помине во мир, тишина, молитви, а верниците постат. На овој ден се завршува работата за прославата на Велигден, се подготвува храна, се украсува домот , на овој ден се бојадисуваат јајца.

Постои верување дека треба да направите добро дело на овој ден за да бидете поуспешни следната година.