ФАСЦИНАНТНИ ФАКТИ ЗА ЛЕВОРАКИТЕ ЛУЃЕ

Еве неколку неверојатни факти за луѓето кои ја користат почесто левата рака :

Левораките луѓе се почесто мажи.

Животните исто така можат да бидат леваци. Тие почесто се користат со левата шепа или нога. Оваа особина е забележана кај кенгурите и 90 проценти од папагалите.

Меѓународниот ден на левичарите се слави на 13 август, а традицијата започна во 1996 година.

Левораките луѓе живеат во просек девет години пократко од луѓето со десна рака.

Најпознати левичари се Наполеон, Леонардо да Винчи, Микеланџело, Алберт Ајнштајн, Бил Гејтс, принцот Вилијам, Барак Обама, Анџелина Џоли, Лејди Гага, Кијану Ривс и Опра Винфри.

Повеќе левичари имаат коефициент на интелигенција од 140 отколку десничари, покажа студијата.

Предвремено родените бебиња се почесто леваци отколку десничари.

Левораките луѓе се понеодлучни и плашливи од десничарите, потврдија студиите.

Одамна се мислеше дека левучарите се покреативни од десничарите, но експертите дошле до заклучок со нови анализи дека е многу тешко да се измери креативноста што се гледа во текот на животот и дека во споредба со десничарите нема голема разлика.



Левучарите влегуваат во пубертет четири до пет месеци подоцна од десничарите.

Имаат три пати поголем ризик од алкохолизам од десничарите.

Бремените жени во 40-тите години имаат поголема веројатност да раѓаат левучари отколку бремените жени во 20-тите години.

Левучарите почесто страдаат од алергии, астма и епилепсија.

Левучарите се подобри во мултитаскинг отколку десничарите.

Леваците се подобри од десничарите во тенис и бокс.

Близнаците се двојно почесто леваци од општата популација.