Потребни состојки:
- 200 гр посен путер
- 200 гр шеќер
- 25гр ванилин шеќер
- 200мл млеко од соја
- 400 гр мелени бисквити
- 200гр кокос
За глазура:
- 200 гр посно чоколадо
- 30мл масло
Подготовка:
Ставете путер во сад, а потоа додадете обичен шеќер, па ванила и млеко. Измешајте ги состојките и ставете ги на рингла да се стопат. Во друг сад измешајте мелени бисквити и кокос, а потоа додадете ја стопената смеса со маргаринот. Комбинирајте сè убаво и истурете во калап. Обликувајте ја добиената мешавина и притиснете убаво. Се топи чоколадото во маслото и се прелива, се реди убаво и се остава да се излади. Кога тортата ќе се излади, исечете ја на коцки и послужете ја.
На здравје!