Вкусен намаз кој лесно се подготвува.
Потребни производи:
- 1 среден корен од целер
- 4 варени јајца
- 3 лажици мајонез
- 3 лажици павлака
- сок од лимон, по вкус
- Сол, бибер, по вкус
Подготовка:
Сварете го целерот.
Изрендајте го и веднаш закиселете го по вкус со сок од лимон, измешајте со мајонезот, павлаката, солта и биберот.
Излупете ги јајцата и изрендајте ги.
Измешајте сè добро и сервирајте со тост леб или леб со семе.
На здравје!