ГЕНИЈАЛНИ ИДЕИ ЗА НОВОГОДИШНАТА ЕЛКА: НАПРАВЕТЕ МАГИЈА СО СВОИ РАЦЕ!

Дали веќе сте ја накитиле новогодишната елка? Дали некогаш сте се обиделе сами да направите елка? Еве како да го направите тоа и да ги воодушевите вашите домашни.

Тоа е многу поевтино и позабавно, и можете да користите буквално сè што имате во фиоки, агли, кутии или лесно да го добиете за малку пари.

Новогодишната магија во домот ги исполнува сите со убава, нова енергија, вибрации на среќа, љубов и заедништво.

Доколку сакате нешто поинакво, поевтино и уникатно, погледнете три идеи за новогодишна елка која можете сами да ја направите.

1. Пенливи

Потребна ви е стара корпа за перење, неколку дрвени стапчиња, лепак, венци и украси, а можеби и ѕвезда за врвот.