ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШИОТ АНГЕЛ…

Еден ангел му се обратил на човекот :

  • Сакаш да ти го покажам животот?
    „Сакам“, рече човекот

Ангелот го подигнал над земјата и човекот го видел неговиот живот, а покрај својот, уште еден пар траги.

– Кој е до мене?
„Јас сум“, одговорил ангелот. – Те следам цел живот.
– И зошто понекогаш се гледа само една трага.
„А тоа се најтешките периоди од твојот живот“, одговорил ангелот.
– И што? Ме остави сам во најтешките моменти? Како можеше да ме оставиш? Човекот прашал огорчено.

„Не, тогаш те носев во раце“, тивко одговори ангелот.