Состојки:
- 700 гр говедски врат
- 100 гр сланина
- 700 гр кромид
- 330 мл пиво
- сол и црн бибер
- 1 лажица шеќер
- оцет
- 2 ловорови листови
- половина лажичка мајчина душица
- лажичка сенф
- 5 сливи
- малку сува пиперка
Подготовка:
Сланината исечете ја на коцки и пржете, а потоа испржете го и кромидот. По 10 минути, додадете една лажица шеќер. Оставете да врие уште 2 минути. Додадете го месото на коцки и пржете додека не ја смени бојата. Истурете го пивото и оцетот, останатите зачини и варете вкупно 3 часа! Но, додадете ги сливите на првиот час, а на вториот сувата пиперка.
Поретко мешајте на почетокот и почесто подоцна. Готово е кога месото почнува да се распаѓа. Послужете со тестенини или компири.
На здравје!