Една измамена жена со креативен план за да му се одмазди на своето момче, стана хит на Тик Ток.
Имено, по болното сознание дека нејзиниот партнер ја изневерил со друга жена, таа отишла во неговиот дом да си ги земе работите, но пред да ја напушти куќата, му подготвила „изненадување“.
Видеото што го објавила покажува дека таа донела неколку шишиња полни со светки во неговата куќа, а потоа ги истурила во секоја соба. Теписи, бања, крпи, каучи, па дури и неговите чевли.
Како што вели, таа му испратила порака дека ги зела сите нејзини работи и дека може да се врати дома. И кога дојде, имаше што да види!
По некое време тој и испрати порака:
„Требаше да ти кажам порано и жал ми е … Но, светките?“, Гласеше пораката.
Што мислите, дали направи добро или сепак претера со тоа?