И ТИ ЌЕ МИ ПИШЕШ: ТЕ САКАМ – ПРИБЕРИ СЕ ДОМА КАЈ СИ? КАЈ СИ КОЊУ!

Никогаш нема да ти кажам “те сакам”.
Никогаш од моја уста пред тебе тој збор нема да излезе дури сме насамо.
Ќе дознаеш дека е така кога веќе ти сигурна си и повеќе од сигурна во истото.
Ќе дознаеш сосем случајно дека сум те сакал: долго долго долго….
Ќе дознаеш кога ќе ти донесе цртеж и на него “среќен роденден мамо” напишано несмсно и полуписмено.
Кога ќе ти го донесе некое створче и тебе и мене најмило.
И ти ќе се насмееш.
Ти ќе се насолзиш во очите кога ќе го прашаш: “Кој те научи сонцето со долга коса да го црташ?
Па и и со крупни очи како ова во ќошов?”
Ти ќе се насмееш кога ќе ти каже : “Тато! Тато вели дека го видел и дека на тебе личи мамо!”
И ти ќе се насмееш и ќе ми пишеш: “Кај ќе ме носиш вечер?
Ти ќе ми пишеш: Средив да спие кај моите детево…
И ти ќе ми пишеш: Те сакам – прибери се дома кај си? Кај си коњу!”



Автор: Дарко Лешоски