Еден млад човек поминал покрај куќа во соседството и видел жена како седи на тераса и чита книга. Пред нејзините нозе лежело куче кое лелекало.
Младиот човек ја гледал истата сцена секој ден кога поминувал покрај таа куќа. Еден ден тој одлучил да и се обрати на жената:
„Зошто вашето куче лелека?“
„Затоа што лежи на подот каде што штицата е поткрената.“
„Па зошто да не се премести на друго место?“
„Затоа што доволно боли да лелекаш, но не и да мрднеш.“
Целиот наш живот е во основа сличен на оваа приказна. Ние се жалиме каков е нашиот живот, но навистина не сакаме да промениме ништо.
Немаме доволно пари или нашето здравје не е доволно добро и постојано се жалиме. Но, ние не правиме ништо за да го решиме проблемот.
Постојат само два излези:
Движете се и живејте најдобро што можете во дадената ситуација!
Почнете да сменувате нешто!
Најлошото нешто што можете да направите е да лелекате и да не мрдате.