Инспириран од поранешната девојка која веќе била во „индустријата“, Џејмс остави сигурна работа во корпорацијата и сега наплаќа меѓу 400 и 6.000 долари за своите услуги.
Мускулестиот 34-годишник од Сиднеј гостуваше во „The Morning Show“ за да го претстави објавувањето на неговите мемоари за искуствата на машка придружба. Тој пишуваше зошто жените ги бараат неговите услуги и како на семејството и пријателите им признал што прави.
– Не му кажав веднаш на моето семејство што правам. Речиси веднаш им кажав на пријателите, но семејството дури подоцна дозна. Имаше секакви реакции, но односите во семејството останаа исти. Оваа работа не е нешто што родителот би го избрал за своето дете – рече тој,
Нарекувајќи ја својата работа „наградувачка“, Џејмс го откри и најчестото барање што го добива од жените кои ги користат неговите услуги.
– Жените обично бараат да излезат на вечера. Сценариото вклучува типичен вечерен оброк и запознавање, проследено со враќање во хотелот или апартманот на клиентот за приспособено и лично искуство – рече тој.
На неговата веб-страница ова искуство се нарекува „луксузно вечерно излегување“, а тој наплаќа 3.500 долари за шест часа „релаксација и уживање“ или 4.500 долари за ноќна забава со појадок.
Во интервју за FEMAIL за тоа што жените обично бараат, тој откри дека не се работи само за секс – туку за искуство.
– Секој клиент кој сака средба со мене сака некакво друштво. Од искуство можам да кажам дека мажите се повеќе фокусирани на сексуалната страна на нештата. И жените се фокусирани на сексот, не би дошле само да ме видат, туку поминуваме и многу време во разговор – објасни тој.
Џејмс рече дека повеќето луѓе ќе се изненадат какви жени се неговите клиенти.
– Многу жени кои ги користат моите услуги можат лесно да одат во кафеана и да изберат кој било маж и да имаат секс со него. Она што тие го сакаат е сосема поинакво сексуално искуство – објаснил тој.
– Понекогаш тоа се луѓе кои неодамна се развеле или се уште се во брак, но долго време не биле интимни со партнерот. Имав клиенти кои беа девици, но и парови кои сакаа секс во тројка – вели Џејмс.
Тој рече дека широк е и опсегот на возрасни групи на жени кои ги користат неговите услуги.
– Најмладиот клиент што го имав имаше 20 години, а реално ретко е да има клиенти во тие години,
Џејмс призна дека жените генерално немаат специфични фантазии кои сакаат да ги реализираат со него.
– Клиентите често се жалат дека им се случува во сексот партнерот да е фокусиран само на себе и дека приказната е завршена штом ќе заврши. Она што го сакаат е партнерите да се фокусираат на нив, на што се подготвени да возвратат.
– Службата за придружба е како жена да оди во кафеана и да му предложи на маж да оди во нејзиниот стан каде што ќе ја масираат. Огромното мнозинство мажи не би го одбиле тоа. Но, работата е што ретко кој од нив е масер или физиотерапевт. Можеби ужива да масира, но не е професионалец. Ако сакате специфично сексуално искуство, многу е потешко да го најдете токму она што го сакате. Придружниците можат да ви го дадат токму тоа – објаснува Џејмс


