КАДЕ НАЈЧЕСТО ГРЕШАТ ЖЕНИТЕ КОГА ФЛЕРТУВААТ ?

Некои жени се родени да флертуваат, други се помалку упатени во областа. Но, и најдобрите прават некои од овие грешки…

Нејасни сигнали

Не е доволно убаво да се облекуваш и да гориш за тоа одвнатре. Ако не му дадете да знае дека ви се допаѓа, со насмевка, лежерен допир или заинтересирано слушање, нема да знае дека ви се допаѓа.

Прекумерна самодоверба

Зборувањето за други момци кои ви пеат под прозорецот и чекаат во ред само да ве видат, ќе го избркате момчето што ви се допаѓа. Никој не сака фалбаџии.

Премногу смеа

Мажите сакаат кога се смеете на нивните шеги, но ако претерате, ќе помислат дека глумите и ќе го доживеат тоа како знак дека не се смешни. Кога ќе го повредите нивното его, не можете да очекувате да уживаат во безопасно флертување.