ИТАЛИЈАНСКА ЛАЗАЊА ОД ТАВА: СОВРШЕН РУЧЕК ШТО ЦЕЛОТО СЕМЕЈСТВО ЌЕ ГО ОБОЖАВА!

Состојки:

  • мешано мелено месо 300 гр
  • лук 1 глава
  • кромид 2глави
  • кулен 150 гр
  • кора за лазања 300 гр
  • излупен домат 800 гр
  • вода 200 мл
  • сирење 300 гр
  • сушен босилек 1 лажиче
  • кашкавал 150 гр
  • моцарела 100 гр
  • сос од домати

Како да се подготви:

Во поголема тава испржете го ситно исечениот кромид и лук, а потоа додадете го меленото месо, исецканиот кулен, зачините и пржете неколку минути. Додадете ја водата, сосот од домати и вриејте петнаесет минути. Додадете ги корите за лазања, излупениот домат и босилекот. Покријте ја тавата и оставете ја на оган околу дваесет минути додека не се сварат тестенините. Додадете го сирењето, кашкавалот и моцарелата, покријте повторно и оставете да врие уште неколку минути додека не се стопи сирењето и кашкавалот.



Јадењето послужете го топло, бидејќи сирењето и тестенините се најубави додека се топли.

Убав апетит!