Компоненти:
- 3 тиквички
- 4 чешниња лук
- 7 јајца
- 4 супени лажици растително масло
- 150 гр пармезан сирење
- 1 кромид
- 2 лажици босилек
Подготовка:
Кромидот и лукот ситно исечкајте ги, а тиквичките исечкајте ги на тенки прстени. На две лажици растително масло пропржете го кромидот, а потоа додадете ги лукот и тиквичките – сè динстајте уште 3 до 5 минути. Изматете ги јајцата со сечканиот босилек и половина од ренданиот пармезан. Со оваа смеса прелијте ги тиквичките. Сето тоа се става во огноотпорен сад за печење, намачкан со преостанатото масло, а одозгора се посипува пармезан . Печете 10-15 минути на 200 степени.Уживајте!