За ќофтињата:
– 300 гр. мелено месо ( 50/50 свинско и говедско месо )
– 100 гр. варен ориз
– 1/4 кромид рендан
– 1 супена лажица магдонос – ситно сецкан
– црн бибер по вкус
– ким по вкус
– 1 лажичка сол
– масло за пржење
За чорбата:
– 1 глава кромид
– 5 парчиња компири
– масло
– 2 парчиња зелени пиперки
– 1 лажица ситно сецкан магдонос
– 200 гр. доматно пире
– една супена лажица црвен пипер
– сол по вкус
– една лажица брашно
Подготовка:
Измесете го меленото месо со сите наведени производи за ќофтиња. Оставете ја смесата да отстои 2 часа.
За јанијата со ќофтиња, исечкајте го кромидот и зелените пиперки и пржете ги во маслото 10 минути.
Додадете го доматното пире и мешајте 3-4 минути, а потоа додадете брашно и црвен пипер и варете уште 1-2 минути со постојано мешање.
Ставете околу 1,5 литри топла вода, додадете сол и оставете да зоврие, додека ги излупите и исецкате компирите. Ставете ги во тенџерето и варете ги 15 минути. Доколку е потребно, додадете вода.
Додека јанијата од компир врие на шпоретот, формирајте топчиња од мелено месо поголеми од орев.
Тука имате избор или да ги ставите директно во тенџерето или однапред да ги пржите додека не поруменат, на висока топлина, само за да фатат кора.
Кога ќе бидат подготвени, ставете ги во чорба и варете уште 10-15 минути.
Подготвената јанија послужете ја со убав домашен леб и лута пиперка или салата.
Пријатно јадење!