КАКО ДА НАПРАВИТЕ ПРЕВКУСЕН ИНДИСКИ ЛЕБ 

Состојки:

  • 375 гр бело брашно
  • 5 g сув квасец
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 200 мл топла вода
  • 2 супени лажици маслиново масло
  • 20 гр свежо измиен сремуш( див лук)

ПОДГОТОВКА:

Во еден сад измешајте ги просеаното брашно, солта, прашокот за пециво, шеќерот и квасецот. Додадете топла вода (почнете со 150 мл), потоа масло и на крај ситно сечканата сремуш. Се меша со лажица, па се продолжува со месење со раце и се додава вода доколку е потребно. Замесеното тесто ставете го во сад, покријте го со крпа и оставете го да стаса на топло место околу 45 минути. Нараснатото тесто поделете го на 6 топчиња со еднаква тежина, покријте го со крпа и оставете да отстои околу 10 минути. Секое топче расукајте го во круг со сукало и печете го на загреана тава (само пред првото лебче ставив малку масло на тавата), прво од едната, па од другата страна. Испечените лепчиња наредете ги една врз друга во поширок сад (тава), за да можете одозгора да ја покриете со алуминиумска фолија. На овој начин наанот ќе ја задржи својата мекост и еластичност, а ќе остане топол подолго.